SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

6 работи на фејсбук кои се објавуваат во секоја милисекунда

Фејсбук е несомнено една од најпопуларните социјални мрежи, споделувајќи многу фотографии,видеа и слично.
Експертите велат дека се она што имате потреба да го споделите на фејсбук кажува многу за вашиот психолошки профил. Вашите објави претставуваат проекција за вас, или како би посакувале другите да ве видат.

Овие 6 типа на однесување често значат недостаток на самодоверба:

1. Споделување на секоја ваша локација. Запрашајте се што навистина со тоа сакате да им докажете на вашите пријатели?

Плус луѓето пропуштаат да уживаат во местата што ги посетуваат, бидејќи се премногу зафатени и оптоварени со тоа како ќе им испаднат сликите за на фејсбук. Понекогаш може и добра е идеја со објавување на локацијата и фотосесијата, барем ќе знаеш дали местото е убаво за да го посетиш…

2. Слики во теретана.

Тоа што ќе објавите слика во теретана како вежбате нема да ви донесе подобри резултати , нема да ви пораснат мускулите и нема да ви се поајават стомачни…

3. Сликање и објавување доручек,ручек и вечера…

Зошто мислите дека некој го интересира што јадете и што воопшто сакате да постигнете со тоа? Опуштете се и уживајте во храната, нема да биде повкусна ако ја објавите на вашиот ѕид, може само побрзо да ви се олади…

4. Објавувате се ново што купувате?

Ова сугерира на сериозен недостиг на самодоверба! Сите одат на шопинг и купуваат по нешто и ШТО?

 5. Фотографии од автомобилот (задолжително да се види знакчето што марка е)

Зашо маче сељак???

6. Многу селфи фотки и објавување на вашето тело.

Луѓето кои постојано објавуваат селфи се длабоко несигурни во себе. Објавувањето на вашето тело исто така укажува на недостаток на самодоверба, поради тоа личноста мора да се рекламира на фејсбук за да и порасне егото.

Сите овие 6 работи ако ги правите секојдневно, тешко на вашите фб пријатели 😀

 

Aко испуштивме некоја друга категорија на фејсбукџии, слободно може да не надополните 😀

 

Б.Н

2782
6 0

Слични: