SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

ПАПУЧАРИ – ги имало, ги има и ќе ги има…

ееререр

Во речник под поимот ПАПУЧАР стои следново:
„Папучар“ м 1. мајстор који прави папучи, 2. ирон. муж кој је покорен на жената, кој е под женската папуча.

Да да, папучарството е како болест… Има прва фаза, и втора и  на крај станува неизлечива фаза.

Прва фаза брат – седиш у маало и нон стоп си со маалските, женска со рака не си пипнал, а камо ли да видиш! Таа шо си ја лапал на врти шише у основно кај другар ти на роденден, тоа ти е најблиску до секс што си стигнал од роџење. Случајно некој се заљубе у тебе (ни Купидон не знае како ја заебал работава) и тебе почиња да ти е јакооо. Лапкање, сеа кредитот не го трошиш за јавување на баскет, туку на неа да и се јавиш, другарите те сваќаат дека нормално ти е прва, па ги забораваш по малце,  но не се љутат.
Втора фаза – папучарството ти е проширено низ твоето тело ко карцоген пред хемотерапија! Ти веќе одавна си го изгубил своето ЈАС, ку*ето ти е помало од штиклата што ја носи девојка ти, кога збориш ни у очи веќе не глеаш, на ФБ ти го има пасвордот не моеш ни да помислиш да глеаш нешо друго, ФИШ немаш вртено со другарите од бог зна кога, светот на случувања ти се ТАА, нејзините и кучето по дома!
Неизлечива фаза – ти си на машини брат! Венееш ко цвеќе у подрум, вегетираш…

Прашавме неколку рандом фацки што мислат дека според нив е папучар:
М.А (24) Дечко кој користи фраза од типот на: Срцка, ти паркираше перфкетно, колата и онака си беше удрена!
А.М (26) – Папурачр.. тоа ти е маж кој прави како што ќе му каже жената. Жената го влечка за нос, не смее да писне, да и рече нешто, да направи нешто што таа не сака. Тоа ти е тип на човек кој нема свое ја.
К. М (24) – Другар кој увек ме одјебува со следнава изјава: „Треба на девојка ми да и однесам филм (или било што друго да побарала), па да ја измасирам, па ако имам време ќе ви се јавам и ќе дојдам“
А.В. (31) – Папучар е оној кој претерува во угодувањето на спротивниот пол. Значи постојат нормални работи нормални потреби што треба да бидат така, но кога тие потреби и задоволувањето на истите помине во хранење на нечие его, докажување на доминација тогаш станува збор за папучарство.
П.П (28) – За мене папучар е лигуш. Срце мрце, златичко, џигерче ти си ми се’ на светов, не можам без тебе ни една минута…е тоа е папучар
Н.Р (27) – Папучар е оној пеер коа само он има дома сони и никад не те вика, зошто девојка му требала да глеа турски серии!

Епа папучари, ако ги шиткате другарите и сте под влијание на вагиналната магија, ондак спасувајте се дур има време…Вие момци и девојки, што мислите – што е папучар за вас?

автор: Б.Николовски

(можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина )
376
1 1

Слични: