SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

Peugeot со 3 светски премиери на Интернационалниот саем во Париз!

Денес 4.10.2018 на официјалното отворање на Интернационалниот саем за автомобили во Париз PEUGEOT се претстави со три светски премиери!

Заедно со новиот PEUGEOT 508 SW, на сечие задоволство е претставен и целосно електричниот, автономниот концепт PEUGEOT e-LEGEND!

PEUGEOT исто така ги открива своите нови хибридни модели со целосно нови бензински мотори и технологии за подобрување на задоволството при возење.

 

Штандот на PEUGEOT опфаќа повеќе од 2000м². Неговиот елегантен и модерен дизајн има за цел да и понуди на јавноста беспрекорно и пријатно искуство базирано на актуелните трендови на брендот, што дополнително ја зголеми оваа година со:

 

  • Монументален ЛАВ, нов амбасадор на брендот
  • Новиот PEUGEOT 508 SW,
  • PEUGEOT e-LEGEND Concept
  • и новите мотори PEUGEOT HYBRID PLUG-IN

 

Новиот PEUGEOT 508, радикална лимузина со спортска елеганција, е олицетворение на интензивни возни сензации и ги демонстрира амбициите на брендот во овој сегмент. Новиот PEUGEOT RIFTER пак е робустен и извонреден, и претставува вистински избор за секојдневна авантура. PEUGEOT RIFTER 4×4 CONCEPT е уште посилен, креиран со погон на сите 4 тркала.

 

На овој штанд брендот Peugeot исто така ги претстави и своите SUV модели PEUGEOT 2008, PEUGEOT 3008 и PEUGEOT 5008 и неговите компактни PEUGEOT 108, PEUGEOT 208 и PEUGEOT 308 како и дел од гамата на PEUGEOT Sport, PEUGEOT 208 WRX од Себастијан Лоеб. Тројцата возачи на PEUGEOT Total Team ќе бидат достапни за презентација на самиот штанд на 5-ти октомври.

Како дел од новитетите на Peugeot:

Тимот на PEUGEOT Design Lab ќе изложува 8 безжични алатки развиени за Peugeot Outillage (кружна пила, жигана пила, буриња и др.). Исто така ќе се претстави и новиот Lifestyle елемент кој вклучува: Новата линија на кожени ташни и кофери на PEUGEOT 508 и GTi, LEGEND облека, мелници за сол и бибер, итн. Сите производи на Lifestyle се достапни во онлајн продавницата http://boutique.peugeot.com.

 

PEUGEOT исто така е единствениот производител кој нуди целосен опсег на мобилност: велосипеди, скутери, патнички и товарни возила. Оваа година, на потенцијалните клиенти ќе им бидат откриени и најновите вести на PEUGEOT Cycles и Peugeot Motocycles.

 

Ќе бидат претставени четирите нови електрични велосипеди. Три Powertube велосипеди (со вградени батерии: два велосипеда на Trek, eT01 FS (целосна суспензија) и eT01, како и eR02 велосипед. Исто така, ќе се прикажува и планинскиот велосипед Powertube eM02, кој е веќе во продажба. Предвидени се и “минати километри” движења на мобилност: електричниот eF01 велосипед и електричниот e-Kick скутер, кој беше развиен со MICRO.
Посетителите исто така можат да уживаат во дневната област, каде што ќе ги откријат сите услуги што ги нуди MYPEUGEOT.

298
0 0

Слични: