SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

Се ќе беше поинаку, ако…

Се ќе беше поинаку, ако тетката на шалтер на време била лечена од депресија, а не да ги лечи фрустрациите на мене.
Се ќе беше поинаку, ако татко ми беше нафатиран директор од транзицијата, сега ќе пиев кафе во Тренд и ќе имав своја секретарка, а не да ‘рмбам за 15.000-ки и да работам до 9.
Се ќе беше поинаку, ако учев повеќе информатика и математика, а не да го трошев времето на серии и порничи.
Се ќе беше поинаку, ако немаше турбофолк и куртизани со морална совесност.
Се ќе беше поинаку, ако се родев на Маркиските рајски острови кај што не би ме болело цеф што се дешава во светот.
Се ќе беше поинаку, ако не ме фаќаше мрза секој пат кога имам нешто за работа.
Се ќе беше поинаку, ако не се вљубев во искомплексирана личност…
Се ќе беше поинаку, ако никогаш не се заљубив, немаше да ме боли толку.
Се ќе беше поинаку, ако не бев толку емотивен и ако не си зимав се при срце.
Се ке беше поинаку, ако не потрошив 2 години плачејки по неа и да не почнев да си го уништувам животот.
Се ќе беше поинаку, ако не пробав сè што беше забрането.
Се ќе беше поинаку, ако имав позитивен став кон работите и верував во себе.
Се ќе беше поинаку, ако се родев како Шкорпија, а не Риба.
Се ќе беше поинаку, ако не пиев кафе и цигари, бар ќе заштедев едно 4000 евра.
Се ќе беше поинаку, ако имавме попаметни доктори, професори и политичари.
Се ќе беше поинаку, ако насмевката е задолжителна.
Се ќе беше поинаку, ако бевме заедно, а не вака на криво и од далеку да се гледаме…
Се ќе беше поинаку, ако не влезе таа вечер во колата пијан.
Се ќе беше поинаку, ако татко ми беше со мене и ме гледаше дур дипломирам.
Се ќе беше поинаку, ако таа земаше тој месец контрацепција.
Се ќе беше поинаку, ако послушав некои умови шо ми солеа памет.
Се ќе беше поинаку, ако Весна не ме извараше, ако ме сакаше како што јас ја сакав неа.
Се ќе беше поинаку , ако бев уметник во душата, а не ова што сум.
Се ќе беше поинаку, ако не бев толку мек со некои особи што не заслужиле.
Се ќе беше поинаку, ако не те експонирав толку, ако не ги инволвирав моите, ако се окупирав помалку и ако решевме се на време.
Се ќе беше поинаку, ако не носев одлуки во алкохолизирано стање.
Се ќе беше поинаку, ако не се распаднаа Студени Нозе, ако Брендон завршеше со Кели од Беверли Хилс и ако немаше турски серии.
Се ќе беше поинаку, ако она живееше во Центар, а не во Марино.
Се ќе беше поинаку, ако Скопје беше Париз и ако шупаците немаа право на глас…

 

(Можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина)

889
2 0

Слични: