SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

Сè за популарност? (или…низок промискуитет за слава)

Овој текст е наменет за младичите ширум Скопје и Македонија, особено за тинејџерите, за полуматурантите и средношколците и за оние кои во мозокот и однесувањето некаде застанале во 2-ра средно.
Девојчиња мили и златни, вие што сте здрави и прави, убави и паметни, пробајте да разберете дека ставањето провокативни фотографии на социјалните мрежи предизвикуваат само сексуален нагон кај вашите врсници. Зарем не сакате тие врсници да ве доживуваат како вистински дами, како девојки со изграден став и морални и етички вредности. Подобро е да ви пишуваат љубовни поеми и писма и да ви ги испраќаат на поштенско сандаче, отколку да ви испраќаат непристојни предлози во inbox. Подобро е да те повика на кино и театар и како прав џентлмен да те испрати пешки до дома, отколку да те извози со БМВ-то на татко му. Подобро е да ти кажат 3 комплименти за твоето размислување и каква другарка си, отколку 3 лајка и 4 коментари од типот на секси, мачкице и мва.
Девојчиња мили и златни, место барање врски за да влезете во Џубокс и да ви се пуштаат стари чичковци кои очигледно се школси на твојот татко, подобро е да ги организирате вашите симпатии и да направите свирка со гитара – old school, да ги дискутирате новите случувања околу измените на образованието, да дискутирате за новиот филм на Кристофер Нолан, за другарските односи и вашите амбиции….Верувајте дека искачањата ќе дојдат сами по себе, до таа мера што ќе жалите што сте пораснале толку брзо. Радувај се повеќе на џемперчињата и кошулчињата, отколку на високите потпетици и тангите. Радувај се повеќе на вистинскиот бакнеж од симпатијата, отколку на лажниот допир од некој постар батко со полни „јајца“ Testosterone.
А ти батко, право момче, со сепаре и раце во вис нема никого да импресионираш. Со глумење Монтана и чика Куре ќе завршиш со третокласни спонзоруши. Запомнете битанги: „Девојка не смее да се удри никогаш, НИ СО ЦВЕЌЕ, а камоли со нешто друго…“! Покажувањето сила и мускули е сељачка дисциплина, покажи и ја твојата ментална гиманстика, изненади ја со книгите што си ги прочитал и документарците што си ги гледал. Ако и е досадно, тогаш таа не е за тебе. Запомни, не е лузерски да покажеш на некого дека си паметен, форите со Аврам и Наврам, Лидија и Видија не се хумор, тоа е простотилок, а девојката сака шарм и интелегенција.
Пред да објавиш фотка на ФБ натртена на печката дома или од колата на тато, размисли дали е тоа ОКЕЈ, замисли се каква слика креираш за тебе…ипак на крај, цицките и газот имаат рок на траење, умот и душата се засекогаш!

автор: Б.Н

(Инспирирајте се… можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина)

1741
12 0

Слични: