SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

ТИПОВИ НА СКОПСКИ ФРАЕРИ

tipovi-skopski-fraeri

И кога се свртев наокoлу забележав… Толку луѓе, толку ликови, толку шмекерски фаци, фраери во кошули и кравати, фраери во тренерки на кафе. Фраери со едноличен поглед, со кабриолети, фраери со југовци. Некои без манири, а некои со манири по потреба. А има и такви што се возат со автобус, но на едно искачање трошат по 200 евра. Набилдани во рацете и рамењата, а тенки во половината, како балони што само не полетале, а празни во главата… Или па запуштени со пивски стомаци, а развиваат филозофии за тоа светот колку е надвор од контрола… И на нас девојките не ни е лесно, да не знаеш на која страна да погледнеш.

А за оние што веќе начукале по 30+ години, а сеуште го користат изразот пеер, најискрено по малку почнувам и да се бунам. Зарем не излезе од употреба терминов уште кога ми завршуваа тинејџерските денови? И сето тоа од една страна… А од друга страна ги имаш оние што се разликуваат по малце… Стварно фини момци, добри другарии па и чудо едно, добро воспитани и џентлмени. Ама за жал поголеми плачковци и лигуши од тебе. Место они да те тешат, ти ги тешиш, место да се шуствуваш сигурна им изиграваш мајка и ги советуваш како треба да постапат, сакаат да ги учиш не вака, не така… Или па оние на кои Цацко им е крив што некој успеал во животот, а они кутрите немаат богат чичко од Америка што ќе им дотури нафта за да можат да тераат во животот.

Или пак оние другите што ги ранеле со златна лажичка цел живот плус фини, образовани, средени, навидум способни, али кога ќе ги запознаеш подобро сфаќаш дека без татко им неможат да прднат. Епа драги девојки и пријатлеки најсакани, запрашајте се дали има некоја од вас пто излегува со некој од овие типови на скопски момци. Па се разбира и јас се пронајдов… Само прашањето ми е, дали постои човек за мене, на пример некој нормален. Добро бе мајка му стара сакам да знам дали ние девојките претеруваме или треба да се запрашам како Кери од Сексот и градот – are all man freaks?… Really,are they ????????????

 

Скопска цура

(Инспирирајте се… можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина)
799
2 5

Слични: