SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

За Скопското џентлменство…

Преокупирани од секојдневни дешавки и проблеми, многу често забораваме на основните начела кои не воспитувале од градинка. Парите, сеирот и егото се единствената храна на нашите малограѓански суети кои талкаат низ Скопје како зомбиња во хорор филм.

Се спуштаме на тоа ниво што Пинки и Шваба би ни позавидувале за тоа какви кретени сме постанати. Чукни си ја главата и кажи си дека знаеш многу подобро од тоа!
Од кога тоа поимот во речник ДАМА го заменивме со пичиња, пиченца и сојки? Зар мислиш дека не воодушевуваш со твоите „заведувачки“ способности ако споделиш у маало како си ја изрокал девојката и начинот на кој ја третираш?

Не бе брат, за сожалување си! Толку си отиден ниско, што се давиш во сопствените говнарии. Оооо ти богу на патетиката, таков евтин фраерлук не е ни за во село!

Маргинализирај ги таквите ликови околу тебе, тие не заслужуваат ни трошка внимание од тебе!
Зар си заборавил дека дамата е нежна, дека и е потребно внимание, дека секој комплимент што ќе и го упатиш го цени повеќе од секој дијамант од Tifanny. Многу е кул да и отвориш врата од кола и ресторан, да и подариш буќет цвеќиња без посебна причина, да се поставиш заштитнички према неа како со срна!

Таа дама се подготвува секоја вечер да изгледа убаво за тебе, купува шминка и облека тебе да ти се допадне, а не да се понашаш спрема неа ко трофеј освоен на селски панаѓур!
Имај на ум дека и таа е нечија ќерка, дека не е во ред да си играш со нејзините чувства. А да не зборам за тоа да помислиш да кренеш рака на неа, тоа е исто како да си ја тепаш сопствената мајка. И преќини со тие излишни фрази од Бора Чорба: „Сви су жене курве, опрости мајко што си жена“, тоа е за пропаднати души кои пловат во магла и не можат да го најдат копното.

Должен си да го оправдаш џентлменството на машкиот род, дека тоа е вродена навика во нашиот генетски код.
И пред да почнеш да плукаш со ‘за кои дами во Скопје’,’ кога не постојат дами’… тогаш ќе ти кажам пријател дека си во тешка заблуда.

Прикажи џентлменство, а за возврат ќе добиеш и дама поголема од Грејс Кели. Смени ги навиките, убеден сум дека можеме подобро!

 

автор: Б.Н

 

(Можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина)

533
2 1

Слични:

[[ reklama ]]