SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

Жената која ги копира позите на познатите фаци од Инстаграм

Австралијанката Селест Барбер се прослави и самата со тоа што почна да ги копира познатите фаци од инстаграм
и нивните смешни пози при фотографирање. Мора да се признае дека има доста креативност и сликите се навистина интересни 😀

Ким Кардашијан

Селест со овој “проект” веќе има над 2.3 милиони следбеници на Инстаграм и се повеќе ги исмева познатите.

Бела Хадид

Омилени пози и се оние каде телото е чудно позиционирано, но убавите манекенки сепак изгледаат совршено и на тие фотографии.

Дуцен Крос

Интересна и спонтана слика на базен. Или не?

Кајли Џенер

Кајли изгледа совршено додека позира со нејзината протеза за белеење на заби, додека во реалниот свет тоа изгледа поинаку.

Блек Чајна

Исто така Селест ја почитуваат и поради фактот дека не користи никакви дигитални средувања и филтри при постирање на сликите.

Леа Мишел

Џенифер Лопез

Описот на сликата на Инстаграм гласи: “Понекогаш мораш да го облечеш костимот за капење од ќерка ти
и да му покажеш на светот како ти стои”

Кендал Џенер

Освен добриот хумор, Селест ги објавува овие фотографии со цел да докаже дека она што го гледаме по социјалните мрежи
не се реални стандарди за убавина. На времето фото-магазините го правеле тоа, но таа вели дека денес самите жени го прават тоа на своите фотографии.

2976
5 1

Слични:

[[ reklama ]]