SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

7 улоги на скопски фраер

333club_Colosseum01_MK

Кога ќе размислам подобро , Скопје има страшно голем потенцијал за снимање филмови, толку многу глумци не сум видела на едно место…

А улогите се страшно смешни:

1. Улога на зјапач во диско – Држи пијачка во рака, има едно исто движење со главата и соблака со поглед се живо и диво.

2. Улога на силеџија- Има љут поглед, свиснат израз на лицето, после неколку пијачки сака да ги тепа сите, рацете во вис му се чим слушне Аца Лукас дека пее.

3. Улога на билдер- Носи стандард тесна маичка, прави 30 склека пред искачање. Коа ќе види згодна девојка како поминува , изиграва демек се чеша а уствари стега бицепс. Омилена пијачка му е ВОДА.

4. Улога на кремец – Стално е во кошулче и најчесто е со телефонот во рака, секогаш можеш да го видиш во друштво на убави девојки, пие само виски и не седи во диско покасно од 3 саат, пошо утре е на тенис и со неговите на ручек знаеш..

5. Улога на богаташ – Да може ќе се паркира внатре во локалот, секогаш седи на сепаре и исклучиво пие нешто пенливо, можеш да го препознаеш по ланецот на вратот, згодните кокети околу него и кога плаќа вади купче пари, врзани со ластиче , па демек незнае колку е сметката па три пати ги брои.

6. Улога на повлечен дечко- Ваквите тешко можеш да ги приметиш, стојат негде покрај шанкот или од страна, неколку пати келнерите се сопкаат на нив додека брзаат, држат секогаш пиво во рака , и си праат муабет за коли, видео игри, спортови, додека меѓу нив се протнуваат женски авиони, за да стигнат до тоалетот.

7. Улога на заљубен дечко- Цело време го погледнува саатот, и телефонот, случајно да не има некоја порака што не ја видел. На пола вечер и се јавува на девојката да и ги каже по име и презиме кои се точно со него, девојки нема во никој случај !!! Излезен е ради атер на другарите, пошо цела недела му викаат дека е педер, буљаш, шиткач. Глуми дека му е забавно а уствари умира од досада. Ако се слика , тоа е исклуливо со машко друштво, додека вози накај дома пишува порака, “Цуци јас сум дома, те сакам најмногу”. Нормален тип 1% ( нема улога- загрозен вид во изумирање)

автор: Б.Н

(можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина )

 

4804
10 0

Слични: