SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

Хамбургер на времето и ДЕНЕС

Хамбургер на времето:
– Лебче
– Плескавица од сомнително потекло
– Зелка неизмиена
– Помфрит
– Кечап или мајонез од туба од 5 литри
Пакован во бела хартија на која пиши hamburger, hot dog, toast.
– Цена: 40-60 денари
Чепкалка – опционално, ако добиеш пластично вилувче топ

Хамбургер сега: 
– Леб правен од безглутенско брашно мелено од девици, наросен со чија семиња, семиња од тиква за подобра работа на желудник, лупен сончоглед, сусам печен во маслиново масло
– Месо од крави кои слушале Бетовен, Бах и Моцарт и можат да завршат средно музичко
– Органиски домат
– Органска краставица
– Органски краставички
– Парче кашкавал од крави молзени од модели на Викторија Сикрет и Мис Боливија 1996-та
– Друго парче плескавица од крави кои слушале само одл скул хипхоп зачинето со парчиња од сланина
– Премаз од четири ебени сирења оти петтото не го пуштаа од дома
– Печурки од падините на Хималаите
– Сперма од морско коњче во пубертет
– Авокадо
– Уште едно лебче само без семе од тиква да не ви работи предобро желудникот
Паковање: Црна кутија со златни букви од екофрендли фирма која сади дрва за секое исечено и употребено за хартија
– Цена: Од 250 до колку стан во Пехчево
Додатоци: 
– Пармезан
– Моцарела
– Сос од батак од еднорог
– Сос од карабатак од еднорог
– Помфрит со цена од 50 до гарсоњера во Делчево
Се служи со забоден нож во него и не можеш да го јадеш оти е голем колку неухрането прваче.

извор: Божидар Божиновски

6266
4 2

Слични: