SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

ЈУГО, автомобилот што може да поднесе шала на негова сметка

Автомобилот кој сигурно е еден од главните обележја на СФРЈ, но и 80-те години е составен на 2 октомври 1978 година, а во производство е пуштен истиот датум, две години подоцна.
Овој автомобил се појавува и во бројни филмови и песни: „Умри машки 3“, „Симпсонови“, „In a Yugo“

Колку и да го сакаат луѓето, постојат стотици зафрканции за автомобилот. Пренесуваме дел од нив:

1.Зошто возачите на Југо никогаш не носат карти?

-Никогаш нема да стигнат толку далеку за да залутаат.

2,Зошто југото има грејачи на задното стакло?

-За на зима да не ви се смрзнат рацете додека го туркате.

3.Што се наоѓа на задните две страни од упатството за користење на Југо?

-Возен ред на градските автобуси.

4.Која е разликата меѓу сопственик на обично југо и спортско?

-Сопственикот на спортско југо носи „Најк“ тренерка.

5.Како се викаат кочниците на југо?
-Дополнителна опрема.

6.Како да ја зголемите цената на вашето југо?

-Наполнете го резервоарот.

7.Југото е дизајнирано за петорица луѓе. Еден да седне на шоферското место, останатите четворица да туркаат.

8.Што се распаѓа побрзо од Југо?

-Земјата што го произведува.

9.Која е најголемата желба на сопственик на Југо?

-Да си купи кола.

10.Што прават со југовците на отпад за автомобили?
-Ги рециклираат во лименки – еден Југо, една лименка.

11.Како да постигнете југо за 10 секунди да забрза до 100 км. на час?

-Турнете го од врв на брдо.

12.Како да постигнете југото да вози побрзо низ брдо?

-Изгаснете го моторот.

13.Како да надградите Југо?

-Ставете мотор внатре.

14.Како се вика југо на планински врв?

-Чудо.

15.Како звучи моторот на Југо кога ќе убациш во трета брзина?

-Немоооој

16.Што се слуша кога ќе ја затвориш вратата од Југо?

-ПосилноООО!!!

2089
8 0

Слични: