SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

НОВИОТ PEUGEOT 208 ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА EUROSTAR ЗА „ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ЗА 2019 ГОДИНА“

Eurostars 2019 Award,Automotive News Europe, Jumeirah Hotel, Frankfurt, 09.09.19, Foto:Tim Wegner, www.timwegner.de

Новиот PEUGEOT 208 е добитник на наградата „Патничко возило за 2019 година“ од страна на Automotive News Europe.

На 9 септември, во името на тимот на “PEUGEOT Product” воден од Laurent Blanchet, Проект менаџерот на новиот PEUGEOT 208 и e-208 – Guillaume Clerc, ја прими наградата “2019 Eurostar” за „Патничко возило за 2019 година“ доделена од Automotive News Europe.

Првата церемонија на Eurostar Awards била одржана во 1998 година.

Од тогаш, секоја година Automotive News Europe, го наградува автомобилскиот сектор во различни категории за нивните иновации на одредени возила.

Оваа година, во категоријата патнички возила, Guillaume Clerc и својот тим се добитници на наградата за Новиот PEUGEOT 208.

Жирито го пофали иновативниот карактер на PEUGEOT 208, најпрво за својот уникатен стил, но исто така и за новата генерација на PEUGEOT i-Cockpit© која понудува: 3D head-up дисплеј во комбинација со опции за помош при возење преземени од повисоките класи.

PEUGEOT 208 е исто така награден за својата нова платформа, дизајнирана да понуди и возила со внатрешно согорување и електрични верзии. Навистина, Новиот Peugeot 208 е креиран од платформата на најновата генерација на PSA: CMP (Common Modular Platform). Модуларноста се огледува во димензиите и моќноста на моторот.

Со својата мулти-енергетска понуда, им овозможува на своите потенцијални купувачи да одберат помеѓу: внатрешно согорување (бензин/дизел) или електрична верзија. Оваа нова платформа помага да се ограничи емисијата на CO2 на новиот Peugeot 208.

Новиот PEUGEOT 208 ќе биде достапен, од моментот на своето лансирање, со 3 типови на мотори: електричен, бензин или дизел.

Имено, Брендот PEUGEOT веќе се здоби со Eurostar награда минатата година, доделена на  Pierre-Paul Mattei за дизајнот на новиот PEUGEOT 508.

Eurostars 2019 Award,Automotive News Europe, Jumeirah Hotel, Frankfurt, 09.09.19, Foto:Tim Wegner, www.timwegner.de
17
1 0

Слични: