SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

PEUGEOT ви нуди проверка на клима уредот во 7 контролни точки

Покрај акциите за возила, Брендот Peugeot секогаш посветува внимание и на постпродажниот процес кој е од големо значење за клиентите. Комуникацијата со клиентите и следење на историјата на нивниот автомобил е основата на работењето на сервисните центри на Еуроимпекс. Грижата за својот автомобил го прави секој сопственик одговорен кон својата инвестиција, а Брендот Peugeot е присутен во секоја точка на одржувањето.
Токму затоа, Peugeot со новата сервисна акција ве советува: „препуштете се на максимално уживање во текот на возењето при жешките летни денови. Проверете и дополнете ги навреме клима уредите во вашите возила, по специјална цена од 1.300 денари, во текот на акцијата која вклучува:
Дополнување на клима уредот и проверка на 7 контролни точки:
– Визуелна контрола на каишот на компресорот на клима уредот,
– Контрола на црева и цевки,
– Контрола на ладилникот на клима уредот,
– Контрола на работењето на квачилото на компресорот на клима уредот (во зависност од опремата)
– Тест на притисокот на разладниот флуид
– Контрола на температурата на воздухот во кабината
– Проверка на нивото на течности
+ 10% попуст на сите зафати и делови
Дочекајте го летото сигурни дека температурата во вашето возило ќе биде идеално прилагодена според вашите потреби.
Овластените сервисни центри на Еуроимпекс ве очекуваат!

155
1 1

Слични: