SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

Се сеќавате ли кога бевме деца


– Од WC викавме “ Мамо , Готов сум ” ;
– Ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме ;
– Гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода ;
– Мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка ;
– Пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино;
– Гледавме цртани во 7 и 15 а потоа знаевме дека е време за спиење ;
– Најстрашниот човек беше “ Старо Купувам ” ;
– Жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена ;
– Им се плазевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил ;
– Пушевме грисини ;
– Фаќавме снегулки со јазикот ;
– Гњуревме во када ;
– Кога казната беше да одиме на спиење порано ;
Се правевме дека сме мртви во креветот кога некој ќе влезеше во собата ;
– Правевме шатори од столици и ќебиња ;
– Си игравме купувач и продавач ;
– Читавме стрипови и се разменувавме со нив ;
– Крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња ;
– Војувавме со децата од другото маало ;
Правевме чатали , стрели и пушки на тапи ;
– Се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка , Германија ;
– Распустот го поминувавме со баба и дедо ;
– Наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот ,
– Крадевме песок и цемент и градевме бункери ;
– Си игравме жмурки , кама ј, џамија , школка , народна ;
– Со брканица се загревавме ;
– Кога трчавме на дождот без никаква цел ;
– Кога раскажувавме филмови на клупа ;
– Кога ги криевме мачињата , поголемите деца да не ги најдат ;
– Цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома , не не препознаваа ;
– Се пукавме со црвенки ;
– Се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак се враќавме надвор ;
– Кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери ;
– Кога сите бевме во банди и имавме тајни !
Детството на денешното дете се сведува на ТВ , компјутер , плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа !

880
1 0

Слични: