SWIPE ЗА ДА СМЕНИШ ПОСТ

СКОПСКИТЕ ГЛУМИЦИ

Па добро на ваше огрномно задоволство и барање им дојде редот и на девојките… Тамтараммм мажи радувајте се не сте само вие глумци… Еее какви има.. змии братче змии… Прочитав еден интересен податок дека владата на РМ планира да создаде филмски град, мнооогу паметна идеа, уверена сум дека конкуренцијата ќе биде голема.

1. Глумење манекенки – Влагаат во диско ко да газат по модна писта, потајно се надеваат дека ќе ги слика некој папарацо. Секогаш добро средени, не одат во група повеќе од три, седат на централното сепаре, пред нив флаша Моет и срамежлива насмевка, поише од два реда муабет не праат, пошо не знаат, не за друго…

2. Глумица богаташка- Тешко можеш да и пријдеш, познанства воопшто не шири, секогаш е излезена во женско друштво или евентуално едно геј френдче покрај неа, влага у диско со телефонот и клучевите од кола во рака, носот и е до небото и стално е нешто напната, тешко можеш да ја утнеш, пие една пијачка пошо тато така и рекол, главна е во друштво, другарките ја прашуваат дали може да идат во WC.

3.Глумица спонзоруша – Премногу кратко фустанче, влага во диско со некој чичко, да не речам врсник на татко и. На неа има златен ланец и најнов модел на мобилен, спечален да се разбереме. Фетиш и е да се прска со флашата и не може да поднесе конкуренција, пошо и го зимаат лебот, не за друго. Точно си ја знае работата, порано ја напушта дискотеката и влага во нешто брзо и бесно, се губи без траг, со 2-3 кила пудра оставени на задното седиште.

4. Глумици тетки во години – Е овие ми се најомилени да ги опишувам. Значи искомплексирани до даска, им смета се што е младо, било згодно било грдо, битно е младо. Гледаат со мржња се околу себе, разведени или во брак никогаш не ни биле, се нашле сите група такви и се дружат. Муабетот воглавно им е ништо не чини и никој не е доволно добар за нив. Лесно се опиваат, па можеш да ги чуеш како се докажуваат кој се и што се и колку постигнале во животот. Паѓаат на млади и мускулести момчиња, после 3 саат ги кинат од болка нозете од штиклите, си одат сите во група, смеејќи се како кокошки, да привлечат колку можат внимание.

5. Глумици лабави – Живеат во стилот, абе пеер не се замарам, не им е срам да натегнат пиво од флаша и во сред диско, увек ги гледаш во некоја кежуал варијанта, да не речам мрсничка коса и патичиња, во друштво се на повеќе машки, сите од маало, праат опуштен муабет и фрлаат по некој поглед кон сепарињата, во знак на гадење.

6.Глумици т.н фејсбук девојки – Доаѓаат во диско, седат 5 минути, прават 30 слики, ставаат на фејсбук, се чекираат и си одат, ТОЛКУ.

7. Глумици скопски фаци – Секогаш се на бацка со вратарите, сегде одма влагаат, и да нема место за седење им се наоѓа, со пола диско се знаат, со третина треба да се поздрават, играат и опуштени се, чекирани се заедно со “фејсбук девојките ” и пријателски се расположени кон сите. Сакаат да упознаат типци и да си напраат муабет. Секогаш мислат дека сите ги знаат, и сите во нив гледаат, па неколку пати си ја поправаат шминката во текот на вечерта. Додека се искочени прават комбинација за следната вечер, не оставаат ништо на случајност. Слободно прашајте ги каде е шемата во градот, со задоволство ќе ви објаснат мислам лилеееее!

8.Глумици заљубени – Тие го сакаат своето плишано мече, и без него тешко излегуваат во град. Додека сите се журкаат тие фрлаат поглед на околината дали нивниот дечко случајно некоја го лови. Се ставаат во улога на приватни детективи и ништо неможе да им избега од видик. Доколу се сами излезени се живо и диво им е интересно, побеснуваат како пуштени од ланец, но тоа кратко трае, и повторно се враќаат во своето лежиште. Доживљај им е искачање во парови со своите другарки и нивните дечковци.

9.Глумици нормални – застануваат во ред пред диско и се на милост и немилост на вратарите. Ако е денот добар, и ќе влезат. Друштвенце се што си се знаат, се стационираат на некој слободен конопој, ако има. Пијат неколку пијачки и уживаат во забавата. Може да направат по некоја слика ама и немора. Секогаш се насмеани и расположени за забава. За жал се повеќе и повеќе нивниот број се намалува, па ретко може да го видиме овој тип на луѓе по дискотеките.

ПА АЈДЕ БЕ ЛУЃЕ ПОВЕЌЕ ЗАБАВА , ПОМАЛКУ ГЛУМЕЊЕ ! Кој ќе се препознае нека не се навреди, ве молам!

Автор: Ел.

7 улоги на скопски фраер

 

(можете и вие да ни испраќате ваши авторски текстови со слична содржина )

4090
5 1

Слични: